Поставени забавувачи за сообраќај со соодветна вертикална сигнализација на улицата „Пере Тошев“ во непосредна близина на детската градинка „Росица“ во населба Лескајца. Од Општина Охрид велат со ова се одговорило на долгогодишните барања на родителите со цел зголемување на безбедноста на децата.

Забавувачите за сообраќај се очекува да ја зголемат безбедноста на дечињата кои секојдневно ја преминуваат улицата. Согласно проектот за чија реализација е добиена согласност од Министерството за внатрешни работи предвидено е забавувачи на сообраќај да се постават и на останатите градски улици во чија непосредна близина има воспитно- образовни институции и на останати јавни површини кои се „црни“ точки во сообраќајот, додаваат во соопштението.

Проектот е дел од годишната програма за работа на Фондот за сообраќај и улици, а се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид.

OhridNews