Времето наутро постудено, а преку денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Охрид претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Според прогнозата на УХМР, до крајот на неделава ќе се задржи стабилно и суво време, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури. Најтопло ќе биде за време на викендот. Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник, соопшти УХМР.
OhridNews