Дефинитивно Охрид беше најубаво осветлен и украсен за празниците. Тоа го потврдија и нашите сограѓани (гласаа на нашето анкетно прашање) како и гостите кои беа тука за новогодишните празници. Со денови можеше да се видат луѓе како се фотографираат на плоштад (посебно атрактивен за сликање беше светлечкиот брод).

Според официјалните информации за осветлување и украсување на градот Општината потрошила околу 16.000 евра. Елементите не се купени, туку изнајмени од скопски и гостиварски фирми чии работници деновиве ги среќаваме како макотрпно ги симнуваат светлечките кабли, сијалички, елки…Фотографииве се од пред зградата на Општината.

Се очекува градот да биде „дезукрасен“ комплетно за 2-3 дена.