Нов, постхумен албум на Мајкл Џексон ќе биде објавен на 13 мај во издание на дискографската куќа „Епик рекордс“. Проектот, под наслов “XSCAPE”, содржи осум нови песни во избор на Ла Реид, претседателот на дискографската куќа, кој ги преслушал сите демо снимки кои кралот на попот ги направил за време на кариерата долга четири децении. На осовременувањето на нумерите работеле продуценти како Тимбеленд, Старгејт и Родни Џеркинс, кој со Џексон го снимил албумот “Invincible” од 2001 година.

Реид рекол дека Мајкл зад себе оставил неколку музички изведби кои со голема гордост ги претставуваат со посредство на продуцентите со кои директно работел или сакал да работи. Делукс изданието исто така ќе содржи и оригинални верзии на сите осум ремикси на песните, а ќе може да се нарача веќе од 1 април.