Политичките партии постигнаа договор за излез од политичката криза, соопшти предмалку американскиот амбасадор, Џес Бејли, јавува „Телма“.

Според него, четирите партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ се договориле техничката влада да биде формирана 100 дена пред одржувањето на изборите, чиј датум на одржување ќе биде утврден до крајот на август.  

„Утрински“, пак, пишува дека преговарачките тимови се договориле Законот за внатрешни работи што го донесе Владата неодамна да биде суспендиран до 1 јануари 2017 година, а новиот министер да има можност да смени 15 раководни лица.

Следната средба на партиите ќе се одржи на 31-ви Август, кога се очекува да биде утврден датумот на избори.

OhridNews