Како што информираат од Комисијата за проценка на штети предизвикани од елементарни непогоди, која работи во рамки на општина Охрид, утрово постојано пристигнуваат пријави од граѓани за настанати штети од синоќешното невреме кое го зафати Охрид и околината.

Засега, пријави пристигнале од жители од селото Лескоец, Велгошти, како и од граѓани од Охрид, кои пријавиле поплавување на нивните подруми.

Членовите од комисијата веќе се на терен со цел да се изврши увид на лице место и да се проценат штетите.

OhridNews