Се поставуваше, се отстрануваше, за повторно да се постави на истата локација новата автобуска постојка пред зградата „Печијаре“. И покрај реакциите на жителите од зградата и најавите од локалната самоуправа дека постојката и станицата ќе бидат дислоцирани, тие повторно завршија на старата локација.

Од локалната со објаснување дека тоа ќе биде привремено додека не се извршат измени во постоечкиот план за поставување на постојките. Штом се направат измените во планот постојката ќе се дислоцира, во спротивно таа ќе биде дивоградба, објаснуваат од таму.

Жителите реагираа дека по изградбата на кружниот тек се создава голем метеж затоа што постојката е веднаш после кружниот и се случува неколку автобуси истовремено да стигнат и да немаат каде да застанат. Освен тоа, жителите едвај имаат пристап до нивните влезови кои често пати се користат како тоалети од страна на оние кои чекаат автобус.

Претходно на оваа локација беа започнати активности за поставување на автобуската постојка, за после неколку часови тие да бидат стопирани, а надлежните објаснаа дека дошло до грешка од страна на изведувачот, кој наместо на новата, постојката ја поставил на старата локација.   

OhridNews

Наместо на нова, постојката кај „Печијаре“ почна да се поставува на старата локација