Во последниот натпревар од 16-та рунда во Премеир лигата, Евертон пред своите гледачи го совлада Квинс Парк Ренџерс со 3-1.


„Карамелите“ со два погодоци во првиот и еден во вториот им го нанесоа осмиот пораз на „полицајците“ на гостински терен во исто толку натпревари. Мрежата на КПР ја погодија Баркли, Миралас и Нејсмит додека почесниот гол беше дело на Замора.

Со трите бодови Евертон го мина градскиот ривал на табелата, а КПР ќе продолжи во борбата за опстанок во Премиер лигата.

Мх.П.