Кормиларот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп по завршување на мечот со Јувентус, кој неговата екипа го загуби и испадна од Лигата на шампиони стадионот го напушти сам, пеш со ранец на неговиот грб.
Навивачите на италијанскиот клуб откако го забележале германскиот стручњак го фотографиле и му довикувале, тој им честитал и заминал.
Сликите кои веднаш се појавија на социјалните мрежи станаа хит за искреноста и посветеноста на Клоп кон фудбалот и неговиот сегашен клуб.
Тој откако го презеде тренерското столче ја крена Борусија на едно повисоко ниво и беше дел од финалето 2012 година во Лигата на Шампиони.
Мх.П.