Премиер лигата за гол на месец декември го прогласи погодокот на петгодишниот Бредли Лоури пред мечот меѓу Сандерленд и Челси.


Младиот навивач на „црните мачки“ кој боледува од неуробластом имаше можност да си го оствари сонот и да истрча на теренот заедно со своите миленици.


Бредли Лоури имаше успешен удар кон голот кој заврши во мрежата, а навивачите на Сандерленд и Челси поведоа акција тој да биде избран за најдобар во последниот месец од 2016-та година.


Инаку, наградата за гол на месецот му припадна на Хенрик Мхтаријан за „шкорпија“ погодок на мечот со Сандерленд на Олд Трафорд.

OhridNews