Од пред неколку дена, во каналот „Студенчишта“ може да се забележи потонат брод во близина на Хидробиолошкиот завод.
Се работи за стар пловен објект, кој меѓу охриѓани е познат уште како „Бродот на Ѕинго“.
Како што коментираат старите охридски рибари, бродот подолг временски период се наоѓал во лоша состојба, а според проценките неговата тежина изнесува неколку десетици тони.
Причините за неговото тонење, најверојатно се поврзани со оштетувањата кои се видливи на пловниот објект и зголеменото ниво на каналот.
Овој пловен објект во Охрид беше донесен во 90-те години од минатиот век, но никогаш не заплови. Откако беше закотвен во каналот Студенчишта тој стана собиралиште на бездомници, а на неколку наврати беше и опожарен.
О.Т.