Во пожарот што претпладнево избувна на глисер укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец на околу 30 метри од брегот,  повредени лица нема, а оштетени се уште два пловни објекти.

Од преземените мерки, констатирано е дека, глисерот бил регистриран и бил во сопственост на 64-годишен жител на Тетово. Поради предизвикани оштетувања на коритото, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од пожарот, оштетени се и два други соседни глисери, информира  портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и Езерската полиција.

Г.М.