Фудбалерите на Манчестер Сити се изедначија со Ливерпул на врвот од табелата во Премиер лигата, откако полесно од очекувањата во дерби средбата со Челси на Етиханд славеа со високи 6-0.

Најтешкиот пораз на Челси во историјата на Премиер лигата избраниците на Пеп Гвардиола го најавија во првата третината од натпреварот во која дури четири пати ја погодија мрежата. Рахим Стерлинг погоди во 4-та, Серхио Агуеро реализираше во 13-та и 19-та, а „покерот“ го заокружи Илкај Гундоган во 25-та минута.

Гол шоуто на домаќините продолжи во второто полувреме. На 5-0 зголеми Серхио Агуеро од белата точка и комплетираше хет трик, а голгетерската серија ја заврши оној кој и започна, Стерлинг во 80-та минута од мечот.

Манчестер Сити со триумфот е рамо до рамо со Ливерпул на првото место од табелата но „граѓаните“ имаат меч повеќе во однос на „црвените“ од Енфилд. Челси со поразот на Етихад го изгуби местото во ТОП 4 и моментално му припаѓа на Манчестер Јунајтед.

OhridNews