Во Клубот на пратениците, попладнево, Ад-хок комисијата го потпиша конечниот извештај за настаните во Собранието на Македонија на 24 декември минатата година. Извештајот го потпишаа претседателот на комисијата Борче Давитковски и нејзините членови од ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски и Благородна Дулиќ и од СДСМ Љубомир Фрчкоски и Рената Десковска Треневска.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не се задоволни од потпишаниот извештај, додека пак од СДСМ изразуваат задоволство бидејќи, како што изјавија,со овој извештај било констатирано дека на 24-ти декември брутално биле исфрлени пратениците и новинарите од Собранието, како и дека од правните квалификации вметнати во текстот на извештајот можело да се заклучи кој е одговрен за случувањето тој ден во парлемент.

Пртетсдеателот на ад-хок комисијата, професор Борче Давитковски, рече дека е задоволен што членовите на комисијата ги надминале теснопартиските итнереси и едногласно донеле извештајот во итнерес на државата.

OhridNews

Makfaks