Со потпишувањето на овој меморандум се утврдуваат принципите и областите на соработка на Министерството за економија и ССК, во насока на промовирање на туризмот во Република Македонија, преку поддршка на процесот за развивање и реализација на проектите за унапредување на оваа гранка, обезбедување на промотивни материјали и брошури за промоција на Република Македонија во светски рамки и обезбедување на соодветна помош за меѓународно претставување на домашните компании. „ Со Меморандумот, ние овозможуваме вопоставување на континуиран дијалог со бизнис заедницата во спроведување на активностите, мерките и политките, со што ќе овозможиме одржлив раст и развој на националната економија, и тоа преку реализација на активностите поврзани со еден од моите приоритети како министер за економија – унапредување на туризмот и квалитетна промоција на природните и културните вредности, за подобрување на целокупниот имиџ на Македонија, истакна Министерот за економија, Фатмир Бесими.
Потпишан Меморандум за промовирање на Македонија
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com