На маргините на Третата меѓународна научна конференција на библиотекари што се одржа деновиве на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и г-дин Рахметула Куќи, директор на Националната и униврезитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје,
склучија Меморандум за меѓусебна соработка.

Oвој документ предвидува заеднички договорени активности како воспоставување на заедничка соработка и реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер, реализација на едукативна, научна, апликативна соработка со користење на модерните трендови на информатичко-комуникациските технологии, имплементација на најразлични облици на научно-истражувачка, информатичка и техничка помош, организација на конференции, научни советувања, семинари и обуки, воспоставување на апликативни (софтверски) активности од взаемен карактер насочени кон подобрување на процесот на работа, информираат од Универзитетот „Св. Апостол Павле“.

Исто така, додаваат во соопштението, претставници на Библиотеката ќе можат да се вклучуваат во специјализирани предавања на факултетите на Универзитетот, а исто така наставниот кадар на Универзитетот како предавачи ќе бидат вклучени во специјализирани предавања организирани од Националната и униврезитетска библиотека.

OhridNews