Потпишан меморандум за соработка помеѓу ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и Универзитетот „Св. Апостол Павле“.
Меморандумот беше потпишан од страна на директорот на училиштето Сашо Недески и проректорот на Универзитетот Устијана Речкоска Шикоска.
Целта на овој Меморандум е да се воспостави соработка во многу области како што се остварување на образовна и научна соработка со користење на современи трендови на информатичко-комуникациските технологии, реализација на заеднички научни, административни и развојни проекти и имплементација на различни форми на научно истражување, информации и техничка помош, информираат од училиштето.
OhridNews