Mеморандум за пријателство и соработка потпишаа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на хрватскиот град Пула, Филип Зоричиќ, денеска во Пула.


Ова поврзување со Пула е од особено значење за нас бидејќи ќе имаме можност да ги користиме нивните искуства во изработката и поднесувањето на проекти до Европските фондови, искуствата во надоградувањето на концептот „Паметен град“, развојот на туризмот и други области клучни за нас. Се радувам што бројот на пријатели на Охрид континуирано се зголемува и тоа со искрени пријателства кои резултираат со конкретни соработки. Нашата замисла е да градиме мостови на пријателства и тоа го продолжуваме со идни соработки, вели Пецаков.
OhridNews












