Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УИНТ„Св. Апостол Павле” и ЈНУ Хидробилошки Завод-Охрид
21.07.23 16:01
Меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” – Охрид и Јавната научна установа Хидробилошки Завод – Охрид денес беше потпишан од проректорката на Универзитетот, проф. д-р Устијана Речкоска- Шикоска и директорката на Хидробилошкиот Завод, научен советник, д-р Орхидеја Тасевска.
Овој меморандум за соработка претставува официјализирање на претходни соработки помеѓу двете реномирани научни институции и основа за идна плодна заедничка соработка во реализација на заеднички проекти од научен и развоен карактер, реализација на едукативна, научна, апликативна и соработка со користење на модерните трендови на информатичко-комуникациските технологии, имплементација на најразлични облици на научно-истражувачка, информатичка и техничка помош со посебен акцент на вклучување на студентите од факултетите на овој Универзитет во зедничките проекти со Научниот институт.
Директорката на Хидробиолошкиот Завод истакна дека е огромно задоволството што долгогодишното пријателство прераснува и во професионална соработка, уверена е дека недостатоците од ИКТ поддршката ќе бидат надополнети со експертизата на тимот од Универзитетот “Св. Апостол Павле” од Охрид.
Проректорката на Универзитетот, во име на Ректорот и целиот тим, истакна огромно задоволство што може да се понуди експертиза од страна на Универзитетот со цел развивање и примена на информатичко-комуникациските технологии за целите на работата на Хидробилошкиот Завод од Охрид, во повеќе сфери, посебно мониторинг и заштита на квалитетот на водите на Охридското Езеро, флората и фауната на езерото, како и дигитализација на целокупните процеси на работа на Заводот.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.