Потпишан Меморандум за збратимување на ООУ „Кочо Рацин“ и ОШ „Веселин Маслеша“ од Вождовац, Србија. Соединувањето е почеток, одржувањето заедно е напредок, заедничката работа е успех. Патрониот празник го збогативме со започнување на една нова соработка, велат од училиштето.
Делегацијата во состав од директорот на училиштето и тројца наставници беа наши драги гости изминатите три дена кои беа исполнети со конструктивни разговори, размена на искуства и поставување цврсти темели на идната соработка со ова збратимено училиште, додаваат.
Од Почесниот конзулат на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид велат збратимувањето ќе придонесе за понатамошна плодна взаемна соработка.
Со посебно задоволство го поздравуваме и даваме отворена поддршка заедно во соработка со Општина Охрид на збратимувањето кое ќе придонесе плодна взаемна соработка и дружење помеѓу учениците и професорите на двете школи на сите полиња, а тоa ќе биде цврста подпора за градење на уште посветла иднина во сите сегменти помеѓу двата братски и пријателски народи, велат во соопштението од Почесниот конзулат на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид.
Меморандумот беше потпишан од страна на директорите на училиштата Славица Котеска и Милош Стошич.
OhridNews