Откако Манчестер Јунајтед загриза за велшкиот репрезентативец Герет Бејл управата на „кралевите“ стави неверојатна клаузула од милијарда евра на договорот.


Секој клуб кој ќе биде заинтересиран за потписот на брзоногиот фудбалер треба да исплати милијарда евра на сметката од Реал Мадрид.

„Црвените ѓаволи“ не ја криеаја заинтересираноста за Бејл и понудија над 100 милиони евра за неговиот ангажман.

Сега по воведување на клаузулата во договорот би требало Манчестер Јунајтед да се фокусира на друг фудбалер, но кој знае можеби Бејл е најголемата желба на Луис ван Гал.

Мх.П.