Од таа причина Ангела треба итно да патува во Виена, Австрија, да се изврши операцијата која ќе и го спаси животот. Здравствениот фонд на Република Македонија ги покрива трошоците за операцијата, но не и трошоците за патување кои изнесуваат 2 500 евра.
Ангела на оваа операција треба да патува во Среда 12-ти Јуни и за таа цел се молат сите хумани луѓе да дадат свој скромен придонес на средства со кои ќе и помогнат да стигне на операцијата која за неа живот значи.
Сите заинтересирани хумани граѓани, средствата можат да ги уплатат на следната сметка:
НЛБ Тутунска Банка
Златко Попоски
210501646252621