Потребна е поголема афирмација на Локалните совети за превенција, поголема афирмација во рамки на МВР, но и поголема видливост на советот и неговата работа меѓу граѓаните, медиумите и НВО, истакна Кристина Ангелевска претставник од Евритинк- Центар за европски стратегии при денешната презентација во Охрид на наодите од проектот „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Република Северна Македонија“.
Локалниот совет иако не е дел од законодавната законска рамка тој е регулиран во рамки на општината и во него членуваат претставници на сите релевантни тела, образовни институции, здравствени установи, претставници на полицијата, и исклучително е важно да се дискутира во рамки на седниците на Локалниот совет за превенција за се тоа што ги засега граѓаните, вели Ангелевска.
Дојдовме до заклучок, низ дискусијата со фокус групите, вели Ангелевска, дека акциите што СВР Охрид ги започна во општините Охрид и Струга во соработка меѓу родителите и полицијата за контрола на тинејџерите и адолесцентите низ Охрид, резултира со позитивен исход.
Но, сметаме дека тоа треба на пошироко ниво да се афирмира и не да се опфатат само тинејџерски групи, но, самиот концепт полиција во заедицата треба да ги засега сите граѓаните и возрасната популација и помладите. Една од клучните препораки за дејствување на Локалниот совет за превенција е да се зголеми соработката меѓу граѓаните, невладините организации, медиумите, МВР и пред се многу важно со општините. Заради тоа што седниците на Локален совет за превенција практично се одвиваат во општините, додава Ангелевска.
Затоа и оваа дискусија денес вели ја правиме во Општина Охрид, бидејќи исклучително важно на седниците е постојано да присуствуваат сите оние релевантни членови во општината заради тоа што Локалната самоуправа има исклучително голема важност за локалните проблеми во заедницата и на тој начин сакаме да се оттргнат некои правила од централната власт и да се пренасочат кон локлната заедница.
Главната цел на проектот е практично да ги доближиме граѓаните до полицијата и обратно, за да се овозможи една конструктивна меѓусебна соработка меѓу полицијата и граѓаните. Во последните 10 месеци ги разгледувавме и анализиравме националното законодавство во РСМ и стратегиите на МВР, како и добри практики од други земјите, каде што успешно се имплементира концептот полиција во заедницата односно полиција блиска до граѓаните, ги разгледувавме и трендовите односно што е она што е апликативно надвор од земјата и што е она што може да го примение овде кај нас, додава Ангелевска.

Н.С.Ј.













