
Ова го покажале резултатите од анкетата спроведена меѓу граѓаните во Охрид за потребите на проектот „Духот на Охрид“.
Анкетираните сметаат дека е потребна поголема промоција на националната кујна, но и подобрување на однесувањето на вработените во угостителската дејност. Граѓаните исто така сметаат дека е потрбно да се покаже поголемо гостопримство кон туристите кои доаѓаат во Охрид. Меѓу работите кои треба да се подобрат охриѓани ги посочиле и јавната хигена и заштитата на животната средина.












