Како што информираше Оштинската изборна комисија  одредени избирачки места во Општина Охрид, се поместени на други локации и тоа:

– Избирачкото место 1252 во просториите на Општина Охрид, се заменува со просториите на ОСУ “Свети Климент Охридски“ – Средно Економско Училиште на улица Мите Богоески;

– Избирачкото место 1268 во просториите на Живинарска фарма ГИЦА, се заменува со просториите на “Градинар“ (старо “Мичурин“),на улица “Железничка“;

–   Избирачкото место 1279 во просториите на Центарот за социјални грижи, се заменува со просториите на Агенцијата за вработување на РМ, на улица “7Ноември“ број 264;

–  Избирачкото место 1283 во просториите на ЗПЗ Напредок населба Бејбунар, се заменува со приватен објект на лицето Наум Скепароски, на улица “Момчило Јорданоски“, наспроти “Спорт Лајф Клубот“;

– Избирачкото место 1289  во просториите на досегашниот приватен објект, се заменува со просториите на нов приватен објект на лицето Милчо Трајчески, на улица “Кленоец“ ( брашнара) пред Касарната;

– Избирачкото место 1308 во просториите на Амбуланта Воска, се заменува со просториите на ОУ “Братство Единство“ – Лескајца, на улица “Стив Наумов број 18.

OhridNews