Дополнително идентитетот го потврдија од студентската организација ИАЕСТЕ Македонија, чиј член била починатата девојка.
Од Министерството за надворешни работи оствариле контакт со македонската амбасада во Индија во врска со смртта на дваесет и едногодишната студентка, а за трагедијата било известено семејството на девојката.
Јана Киш, студентка на Манипал институтот за технологија се удавила заедно со 19 – годишниот колега Абиџит Синг од индискиот град Чандигар, кој заедно со македонската студентка биле дел од програмата за размена на студенти.
Петмина студенти попладнето околу 14:30 по локално време пристигнале на плажата Кауп. Македонката и нејзиниот колега влегле да пливаат во разбрануваното море, во период кога трае сезоната на монсуните. За кратко време брановите ги поклопиле.
Обидите на спасувачите да им помогнат останале безуспешни, бидејќи морето било премногу разбранувано.
По неколку часа морето го исфрлило телото на Јана, а се уште се трага по телото на Абиџант.
Телото на Македонката која вчера се удави во Индискиот Океан ќе биде транспортирано во Македонија откако ќе биде извршена обдукција во Индија, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).
Во овој дел од годината во Индија било забрането капење во океанот поради периодот на монсуните, но не се знае дали двајцата студенти не ја почитувале забраната или не биле известени.