Македонската кошарка остана без свој преставник во НБА лигата откако Перо Антиќ ја напушти Атланта Хоукс и потпиша двегодишен договор со Фенебахче.

Турскиот клуб и менаџерот на Антиќ преку профилите на социјалните мрежи го потврдија трансферот кој стави точка на НБА авантурата на поранешниот македонски репрезентативец.


Антиќ во НБА лигата повеќе од успешно две сезони ги бранеше боите на „јастребите“ кои минатата сезона беа втор тим во лигата во генералниот пласман.

Со искуството Антиќ треба да биде голема помош за Жељко Обрадовиќ кој сезонава успеа да го одведе турскиот клуб до завршницата од Евролигата.

Ohridnews