На 12 април (четврток) во Охрид, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ќе оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.
-Посетата на министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји. – соопшти Министерството за надворешни работи.
OhridNews












