Поубавата половина на Давид де Геа, Едурне Гарсија можеби ќе одигра клучна улога во одбивањето на новиот договор на Манчестер Јунајтед што би било предзнак за трансфер во Реал Мадрид.


29-годишната пејачка ќе ја преставува Шпанија на Евровизија и поради тоа повеќе време минува во Мадрид него во Манчестер со Де Геа.

Таа за шпанските медиуми изјавила дека повеќе го преферира Мадрид отколку Манчестер и оти таму животот е монотон.

Минативе две сезони шпанскиот чувар на мрежата е единствена светла точка на Олд Трафорд, а голема загуба ќе претрпат „ѓаволите“ ако го „испуштат“ Де Геа и продадат на Реал Мадрид.

Мх.П.