Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето поради настанат дефект ќе има кај корисниците на неколку улици велат од ЈП Водовод Охрид.

Поради настанат дефект (пукната цевка со профил ф200 мм) на главната линија на улицата „Гоце Делчев”, денес од 07:30 часот има повеќе часовен прекин во водоснабдувањето во населбите Кошишта, Воска и делови од Стар град, велат од претпријатието.

Додаваат дека покрај улицата „Гоце Делчев”, прекин во водоснабдувањето ќе има и на сите споредни улици од улицата „Гоце Делчев”, на потегот од LC Waikiki до крстосницата со улицата “Бистрица”.

OhridNews