На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија.

Ова вечерва е објавено на фејсбук профилот на Владата.

Претходно новинарот Зоран Иванов во објава на социјалните мрежи политичарките Захариева и Бакојани ги нарече „фригидни кучки“.

OhridNews
Фото: +Инфо