Повеќе од 11.000 задоволни странски клиенти кои користеле  услуги за изнајмување автомобили, скутери и велосипеди, го покажуваат квалитетот и сериозноста на тимот од Rent a car Escape кој веќе 8 години успешно работи во Охрид.

Оваа фирма која полека но сигурно станува своевиден бренд во делот на изнајмување на возила во Југозападниот регион на Македонија,  пред почетокот на овогодинешната летна сезона го обнови расположливиот возен парк со уште две нови возила, кои се достапни за изнајмување.

-Покрај моделите на Опел, Шевролет и Форд, набавени се и возила програмата на Фиат и Цитроен. Со ова значително е збогатена понудата за претстојниот период. Важно е да се напомене дека сите автомобили со кои располагаме имаат каско осигурување, вели Влатко Трпкоски еден од сопствениците  на Rent a car Escape.

Неговиот партнер Маријанчо Матески објаснува дека работат претежно со странски клиенти кои доаѓаат од различни земји од светот, а имаат воспоставено и професионална соработка со над 95% од сместувачките капацитети на Охридското крајбрежје.

-Често пати има случаеви, кога доаѓаат или ни се јавуваат клиенти кои и во текот на претходните години соработувале со нас и повторно бараат услуга за изнајмување на автомобил. Тоа е една потврда дека се задоволни од нашиот пристап и од квалитетот на нашата услуга. Исто така од големо значење е и нашата веб стрaница за он-лајн резервации www.ohridrentacar.com  на која клиентите може да си резервираат термин за изнајмување на возило и да ги добијат сите потребни информации, вели Матески.

Од  Rent a car Escape се задоволни од бројот на резервирани автомобили за пролетниот период и се надеваат дека ќе имаат успешна летна сезона.

Освен автомобили, Escape изнајмува на користење и скутери, велосипеди и специјални велосипеди за планински велосипедизам, кои исто така се доста барани од страна на странските туристи.

Rent a car Escape  се лоцирани во центарот на Охрид во непосредна близина на хотелот „Ривиера“.

OhridNews