Повеќе од 300 имигранти од Африка се удавија откако оган го зафати бродот со којшто се превезуваа, а поради општата паника на патниците се преврте бродот, на нешто малку повеќе од еден километар од копното, кај Италија, пренесува „Макфакс“.

Рибарските бродови и бродовите на крајбрежната стража спасија 151 лице утрото и до вечерта извадија 114 тела, но нуркачите виделе дека има уште многу, околу 200 заробени жртви во трупот на бродот којшто лежел на околу 40 метри под површината на водата, јавува агенцијата Ројтерс.

„Само три од вкупно 100 жени, колку што се проценува дека биле на бродот, се спасени и ниедно од 10-те деца. Две жени, жртви, биле бремени“ изјави Симона Моцарели од Меѓународната организација за миграција во Рим.

Според неа, повеќето од загинатите не знаеле да пливаат. „Преживеаа само најсилните“ изјавила таа за агенцијата Асошиејтед прес (АП).

Функционер задолжен за човековите права на мигрантот Франсоа Крепо изјави дека оваа несреќа е резултат на репресивната политика кон илегалните мигранти.

„Не требаше да дојде до оваа трагедија“ рече тој.

Италијанската крајбрежна стража, рибарски бродови и хеликоптери од целиот регион продолжија да трагаат по преживеаните.

Бродот од 20 метри се претпоставува дека превезувал 500 луѓе од Африка, претежно од Сомалија и жители на Еритреја, до италијанскиот остров Лампедуза, каде се наоѓа големиот прифатен центар за имигранти.

Моторот на бродот откажал откако испловиле од либискиот брег Мисрата и во бродот почнала да продира вода, па патниците, откако немале никакво друго решение да повикаат помош, запалиле мал оган за да им дадат знак на другите бродови. Но, гасот се измешал со водата па огнот се проширил и патниците преминале на едната страна на бродот, поради што бродот се превртел.

Папата Франциско кој го посети Лампедуза во јули, изрази жалење за несреќата, којашто италијанскиот премиер Енрико Лета во порака на социјалната мрежа Твитер ја нарече огромна трагедија.

Италијанското обвинителство покрена истрага за повеќекратно убиство, како и за поттикнување на илегална имиграција.

Ова е една од најтешките несреќи во водите на Средоземното море кои надминуваат над илјадници имигранти секоја година од Африка, оддалечени само малку повеќе од 100 километри сакајќи преку Италија да стигнат до Европската унија.

Криумчарите овој пат го наплаќаат илјадници долари по патник, превезувајќи ги обично со пренатрупани бродови едвај способни за пловидба и без елечиња за спасување.

OhridNews
извор:„Макфакс“