Струшката противпожарна единица синоќа имала полни раце работа.

Интервенирано било на повеќе локации каде имало пожар, а најкритично било на потегот помеѓу селата Белица и Октиси. Со помош на екипи на шумското стопанство и локалното население, професионалната противпожарна единица од Струга утрово го локализирала  шумскиoт пожар.

Од струшката противпожарна единица апелираат граѓаните внимателно да се однесуваат во природа, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпушоци од цигари.

OhridNews