Снегот предизвика проблеми и целосно отцепи од светот повеќе села во струшкиот крај.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи во општина Струга не се проодни патните правци за селата во повисоката зона и тоа: до с.Модрич, с.Модрич – с.Дренок, с.Присовјани- с.Ржаново, с.Ржаново – с. Под Локов, и с Вишни – с.Горна Белица.











