По трите одиграни рудни во “Лигата на петлиња“ се разгоруваат борбите меѓу основците.


– Доста сме задоволни од од досегашниот тек на лигата, овој турнирски систем преставува пред се едно дружење, едно здравје за децата и што помасовно тоа би било што подобро. Добро би било  да може да се практикува и по двапати во годината, за да биде уште помасовно – вели наставникот Русески Зоран.

Покрај фудбалот, во иднина ќе се организираат и турнири во останатите спортови, што секако ќе го развие спортскиот и здравиот дух кај најмладите.

– Апсолутно што повеќе спортови, што повеќе игри, што повеќе деца во спортските сали и на спортските терени , тоа би значело поголемо здравје за нив. Децата треба да стојат што понастрана од компјутерите и компјутерските игри и да му се оддадат на спортот-истакна

Русески Зоран, наставник во ОУ Кочо Рацин.

 Ohridnews