Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2012 година изнесува 60 775, а бројот на ноќевањата 142 912.

Нивниот број во мај 2012 година, во однос на истиот месец  2011 година, е зголемен за 8.3%, а бројот на ноќевањата  за 10.4%.

Бројот на домашните туристи во мај 2012 година, во однос на мај 2011 година, е зголемен за 7.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 8.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2012 година, во однос на мај 2011 година, е зголемен за 6.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 14.1%.

Во периодот јануари-мај 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.7%, а кај странските зголемување за 8.6%.

Во периодот јануари-мај 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.9%, а кај странските има зголемување за 6.2%.

OhridNews