Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2013 година изнесува 67 822, а бројот на ноќевања 168 412.
Бројот на туристите во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, е зголемен за 7.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.1%. При тоа, бројот на домашните туристи во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи намалување од 7.8%, а додека пак бројот на странските туристи е зголемен за 16.1%.
Во периодот јануари-јуни 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2.6%, а кај странските има зголемување за 11.7%.