Истражување на германски научници потврдило дека луѓето изложени на стрес имаат значително поголем ризик деќа ќе патат од главоболки од сите типови.
Според податоците собрани од околу 5000 испитаници на возраст од 21 до 71 година, стресот во најголема мера ги зголемувал изгледите за интензивна главоболка.

Учесниците од истражувањето се следени 2 години, а за зачестеноста на стресот и главоболките се испитувани 4 пати годишно. Научниците додаваат дека зголемувањето на зачестеноста на стресот било пропорционално поврзано со зголемувањето на зачестеноста на главоболките кај испитаниците од сите возрасни групи.
Според нивните зборови, останатите фактори кои можат да допринесат развој на главоболка (консумација на алкохол или дроги, пушењето) не влијаеле на воочената врска.