За заштита од високите температури и намалување на ризици врз здравјето од  дејството на топлотниот бран лекарите препорачуваат да се избегнуваат какви било напорни активности- вклучуваќи спорт и рекреативни активности за време на најжешкиот период од денот, повеќе да се престојува во затворени простории, пред се климатизирани, да се носи светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и  капа, да се внесува помало количество храна, а посебно помалку мрсна храна, да се внесуваат големи количества течности почнувајќи од  обичната вода за пиење, па до минерализирани безалкохолните пијалоци, да се избегнуваат алкохолни и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци. При неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори  под сенка и да се избегнува директен престој на сонце.

За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор, а при влегување во возило, се препорачува одреден период тоа да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања се препорачува задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред употреба, термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката или подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата да се загрее на + 100 степени. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, како и редовно одржување на личната хигиена.

OhridNews