Првиот човек на F1 Чејс Кари, најави дека наскоро може да се зголеми бројот на трки.

Во моментов на распосредот на светското првенство има 20 трки, но од следната сезона таа бројка може да се зголеми. Заради тоа што од од минатата година “Либерти Медиа Груп“ ја  превзеде сопственоста на шампионатот во F1, се повеќе се зборува дека во календарот би можело да има дури 25 трки. 

“Во текот на последните месеци посетивме многу потенцијални организатори на трки, но  рано е да ги соопштиме конечните планови. Многу ни е важно да го прошириме календарот, но во овој момент најважно ни е да го задржиме постоечкиот календар“- изјави новиот сопственик на F1 Чејс Кари.

Она што секој познавач на овој спорт го интересира дали алчните “колектори“ на пари ги интересира безбедноста на возачите, нивниот набиен календар, а со тоа на крај и нивната способност да ја задржат концентрацијата да се извози една трка на високо ниво. Дали треба да имаме нов “Аиртон Сена“ за некој да се замисли дека пред се е животот на возачите, а после парите на оние што сакаат да заработат? Се надевме не, а времето ќе покаже.

OhridNews