Најново британско истражување покажало дека минуваме повеќе време гледајќи во мобилниот телефон отколку во лицето на саканата личност. Просечниот корисник во текот на денот го држи погледот во телефонот околу два часа, а на саканата личност и посветува само 97 минути внимание. Тоа се објаснува со можноста за извршување голем број активности со смартфоните, како сурфање на интернет, 24 минути во просек, посета на друштвените мрежи, 16 минути и слушање музика, 15 минути.

Тука се уште и игрите на кои корисниците трошат 13 минути, телефонирањето, 11 минути и испраќањето пораки и мејлови кои одземаат 9 минути во просек. Анкетата, која ја спровела компанијата за продажба на мобилни телефони О2, дала загрижувачки резултати, повеќе време минуваме во виртуелниот свет во однос на лицата од непосредното окружување.