Градоначалникот на Општина Охрид објави јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2018 година. Заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2018 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади; традиционални манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер, различни видови активности на лица со посебни потреби и подобрување на инфраструктурната состојба на подрачјето на Општина Охрид.

На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица. Учесниците на Јавниот повик за резултатите ќе бидат известени со Решение донесено од Градоначалникот на Општина Охрид. Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид.

Бројот на поддржани проекти/програми на Јавниот повик и висината на средствата со кои ќе се поддржат проектите ќе се утврдат во согласност со Буџетот на Општина Охрид за 2018 година.

OhridNews