Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) од Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД),информираат дека е отворен Јавен Повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи.

Повикот е наменет за граѓанските организации кои ќе предложат иновативни проекти за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи.
Апликантите задолжително треба да имаат партнер ,локална самоуправа или центар за регионален развој.

Крајниот рок за достаување на пријави е 24 декември 2017 година.

Повеќе инфоемации за јавниот повик може да најдете на следниот линк.

OhridNews