Со цел подготовка и печатење на брошура за инвестициски проекти “ИНВЕСТИРАЈТЕ  ВО  ОХРИД”, Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица, организации и здруженија со седиште, сопственост на земјиште или други недвижности или живеалиште на територија на Општина Охрид, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат разработени идеи од интерес за странски и домашни инвеститори во следните области: Туризам, информатички и комуникациски технологии, Агробизнис и преработк ана храна, енергетика, градежништво, текстил, медицина и здравствена заштита, инфраструктура и машинска индустрија.

Формуларите со основните податоци за проектите можете да ги симнат од веб страната на Општина Охрид, електронски да се пополнат и достават до: [email protected][email protected]

Утврдениот рок за аплицирање трае до 30 јуни, 2013. Предлог – проектите за инвестиции ќе бидат разгледани од стручна комисија која ќе одлучува за тоа кој од нив ги исполнува условите за да бидат дел од брошурата “ИНВЕСТИРАЈТЕ  ВО  ОХРИД” за 2013-2014 година. Проектите кои ќе пристигнат по овој датум ќе се разгледуваат во склоп на следните годишни повици за инвестициски проекти.

OhridNews