Општина Охрид, Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани правни и физички лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик 04/2017 за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017 година за следната мерка: Мерка 213 – Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики со надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство.
Средствата се предвидени:
– во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2016 до 31.10.2017 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри и
– во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2016 до 31.10.2017 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри. Не повеќе од 300.000 денари по вработено лице за не повеќе од 20 вработени лица. За над 10 вработени лица помошта се намалува за 50%.












