Здружението на новинари на Македонија ќе покрене акција за солидарност, во која новинарите и сите граѓани ќе можат да донираат средства за новинарот Томислав Кежаровски. Акцијата ќе трае еден месец, а средствата ќе можат да се уплатат на сметката на солидарниот фонд на ЗНМ.

Здружението изготви банер на којшто ги има сите потребни информации за да можат новинарите и граѓаните да донираат средства за Кежаровски.

„Кежаровски две години помина низ пекол. Ни крив ни должен сето оваа време беше во истражен или домашен притвор. Тој стоички ги издржа сите притисоци и затоа како новинари сме горди со него. Меѓутоа, ваквото изживување остави тешки последици врз негово здравје и животот на негово семејство. Тој беше спречен да работи, а неговата сопруга никако да најде работа. Сега на Кежаровски му е најпотребна нашата помош“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

OhridNews