НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид објави повик за учество на фестивалот „Охридски староградски средби“.
Сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци што ги негуваат староградските фолклорни традиции можат да аплицираат, велат од Центарот.
Посочуваат дека пријавите за учество на фестивалот треба да се достават на маил адресата од Центарот за култура: [email protected] или по пошта на следнава адреса: НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, ул. „Македонски Просветители” бр. 4, 6000 Охрид. Телефон за контакт: 046/261-063.
Фестивалот се оддржува во првата половина од месец септември 2025 година.
OhridNews