Претставниците од охридскиот туристичко – угостителскиот сектор, со поддршка за манифестацијата „Лето 2013“, што ќе се оддржи на 6- ти јули годинава.

Од нивна страна изразена е поддршка за сите пропратни активности околу манифестацијата, како и за идејата за целодневни дисконтни цени на своите услуги и производи од 10-30%.

По тој повод, Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид, ги повикува сите заинтересирани страни да го пријават своето учество и висината на попустот, како истите би добиле маркери (со информација за висината на попустот) кои ќе треба да ги истакнат на влезот на објектот, а исто така истите ќе бидат вметнати во промотивниот материјал кој ќе биде изработен.

Сите заинтересирани страни, својот интерес за учество да го пријават на 046/230-175, или на [email protected] најдоцна до 28.06.2013 година.

OhridNews