Со оглед на континуираното намалување на просечните дневни температури како и зголемениот обем на врнежи во регионот, ЈУНП Галичица ја отповика одлуката за воведување на „Контролирано движење“ во шумскиот појас на паркот која беше воведена на 9-ти август.

Со тоа:

  • Сите посетитители можат да се движат во границите на паркот без барање за дозвола за “Контролирано движење“.
  • Се активираат активностите во паркот кои заради оваа одлука беа одложени: маркирање во приватен имот, сеча на приватни лица во државна шума и други активности одложени заради истата одлука.
  • Без дозвола посетителите можат да го напуштат асфалтот и да го посетат паркот во внатрешноста на паркот.

Од ЈУНП Галичица напоменуваат дека на сила и понатаму останува:

  • Забраната за палење на оган на отворен простор во паркот освен на двете места наменети за тоа односно излетничките места на мв. Јадера и мв. Корита кои се уредени за тоа.
  • Забраната за палење на стрништа во приватните имоти

ЈУНП Галичица им соопштува на сите кои имаат поднесено документи за маркирање во приватен имот дека од понеделник ќе ги засили своите активности како би се овозможило истите навремено да ги завршат активностите околу снабдувањето со огревно дрво.

OhridNews